еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) И Димитар Ковачевски на „Отворен Балкан“ во Тирана: Заев им го претстави на Рама и Вучиќ

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски го придружува премиерот Зоран Заев на иницијатицата „Отворен Балкан“ во Тирана.

„Чест ми што за првпат учествувам на официјален работен настан на иницијативата „Отворен Балкан“. Оваа иницијатива е многу значајна за регионалниот развој на економијата и олеснување на движењето на луѓето, услугите и стоките во регионот.

Драго ми е што можам да дадам личен придонес и одблиску да се запознаам за целиот процес,“ напиша Ковачевски на неговиот Фејсбук-профил.

Имено, ова е последно претставување на премиерот Зоран Заев на Македонија во меѓународни рамки во овој мандат, бидејќи ќе поднесе оставка.

Неофицијално, оставката на Заев од премиерска функција се очекува утре.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На почетокот на годината, заеднички пазар на труд на Србија, Македонија и Албанија

(Видео) Демонстрант падна од јарбол во Тирана: Протест за „Отворен Балкан“ и запалени српски знамиња

Заев, Вучиќ и Рама денеска и утре во Тирана на „Отворен Балкан“, ќе потпишат шест договори

Заев, Вучиќ и Рама бараат поддршка од Берлин за Отворен Балкан

Фото: Фејсбук/Ковачевски/СДСМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ВМРО-ДПМНЕ: Ахмети да не се чуди зошто ДУИ ја обвинуваат за корупција, да си провери во орманот каде има диво приклучен кабел за струја

Редакција

Две жени загинаа во сообраќајка на магистралниот пат Гостивар – Кичево

Редакција

При одлуката за цената на осигурувањето, да се земе предвид реалната состојба, велат од Националното биро за осигурување

Редакција