еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Две жени загинаа во сообраќајка на магистралниот пат Гостивар – Кичево

На 20.08.2022 година во 09,15 часот, на магистралниот пат Гостивар – Кичево кај кичевското село Зајас, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно моторно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.И.(58) и патнички автомобил „голф“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од А.И. (78), двајцата од Тетово.

На местото на несреќата, на повредите им подлегнала Т.В. (54) од Тетово додека во амбулантно возило, на пат кон Ургентниот центар во Скопје, починала С.Ц. (75) од Тетово, двете сопатнички во второто возило.

По наредба на јавен обвинител, врз телата на починатите ќе се изврши обдукција.

Увид на местото на незгодата извршија јавен обвинител и полициски екипи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За прв пат кај нас земена крвна плазма од двајца пациенти со која ќе се лекуваат заболени од корона вирусот

Редакција

(Фото) Државниот врв на божиќен ручек кај г.г. Стефан

Редакција

Уште еден лекар ја загуби битката со Ковид-19: Почина ортопедскиот хирург и уметник Драган Спасески

Редакција