еМагазин
Image default
ДОБРОСОСЕДСТВО ТОП СТОРИИ

Вучиќ на „Отворен Балкан“: Овде не се прават Голема Србија и Албанија, туку добри работи за граѓаните

Ја направивме најдобрата иницијатива, која ќе го смени ликот на Балканот, од чие име не се срамиме и која ќе донесе многу добро за граѓаните, изјави денеска во Тирана српскиот претседател Александар Вучиќ по Самитот на Отворен Балкан, јави дописникот на МИА од Белград.

На прес-конференцијата заедно со премиерите на Северна Македонија и Албанија, Зоран Заев и Еди Рама, Вучиќ посочи дека е важно за учесниците да продолжат да работат на сите прашања, а со тоа и да се укинат даноците, а можеби и еден ден да се создаде царинска унија, да се избришат границите меѓу нас, како и да се привлечат повеќе инвеститори заедно.

Вучиќ рече дека кога пристигнал во Тирана видел дека го напаѓаат премиерот на Албанија, дека Отворен Балкан е иницијатива насочена кон создавање Голема Србија.

– Секојдневно ми кажуваат дека ова е иницијатива за создавање на Голема Албанија. Не се работи за Голема Србија, Голема Албанија или не знам каква Македонија, туку за тоа да не се изгубиме во дебатите меѓу минатото и сегашноста и во тоа да ја изгубиме нашата иднина. Се работи за тоа да можеме заедно да ја уредиме иднината на неспоредливо подобар начин, посочи српскиот претседател.

Вучиќ порача дека оваа иницијатива зборува како нашите земјоделски и индустриски производители, но пред се граѓаните на сите три земји, можат подобро да живеат во иднина и да имаме повеќе туристи.

– Доаѓајќи во Тирана и зборувајќи сега во името на сите граѓани на Србија, дојдов да му оддадам почит на секој човек во Албанија и Северна Македонија. Да кажам дека сите се секогаш добредојдени во Србија, дека Србија за нив е втор дом, како што ние мора да се чувствуваме добредојдени во Скопје и Тирана, истакна Вучиќ.

Тој изрази задоволство од потпишаните договори на Самитот, велејќи дека тоа е нешто за што се разговарало две години, а не можело да се договори поради безброј бирократски процедури.

Вучиќ нагласи дека е договорено на секој состанок да се повторува поканата до другите во регионот – Сараево, Подгорица и Приштина, да се приклучат на иницијативата.

– Но, за нас е многу важно денес да работиме за себе. Ќе ги привлечеме не со политички покани, затоа што би можеле политички да тераат инает, туку да направиме најмногу за нивното приклучување со конкретни работи.

Ќе почнеме да зборуваме за тоа како да привлечеме туристи, како да создадеме посебен фонд за филмската индустрија, што е предлогот на Рама што го прифативме, спортските тимови да направат подготовки и како да ги намалиме цените на патарините за членките на иницијативата, потенцира претседателот на Србија.

Вучиќ додаде дека ќе се разговара и како да се обезбедат повеќе попусти во хотелите и рестораните за граѓаните на трите земји.

– Па да прашам дали ова не е најдиректна придобивка за сите вклучени во иницијативата. Затоа и се лутам на себе кога велиме дека треба да поканиме некого, како да не можеме да постоиме без некого.

Ова го направивме со покажување на одговорност. Ја направивме најдобрата иницијатива, која ќе го промени ликот на Балканот, од чие име не се срамиме, што ќе донесе многу добро за граѓаните, објасни српскиот претседател во Тирана.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се воведува единствена работна дозвола помеѓу Македонија, Србија и Албанија, потпишани неколку договори на „Отворен Балкан“

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Времето денеска сончево и топло, до 25 степени, од вторник пад на температурите

Редакција

Кои се најголемите должници на новата Листа на УЈП

Редакција

23-годишната Елена е во кома по доживеан мозочен удар, потребни се средства за лекување во Турција

Редакција