еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Има доволна количина на брашно за потребите на домашниот пазар, нема простор за паника кај граѓаните за непотребно купување, уверува Бектеши

Има повеќе од доволна количина на брашно во државата, млиновите имаат задоволителна количина на залихи за да ги покријат потребите на домашниот пазар. Нема никаков простор да се создава паника кај граѓаните за непотребно купување на брашно, имајќи во предвид дека сите количини на брашно кои и се потребни на државата ги имаме во моментот, изјави министерот за економија Крешник Бектеши по денешната посета на млинот „Kokrra e Artë” во Порој, Тетово.

Како што кажа министерот овој млин е еден од најголемите извозници на брашно во земјава и во моментот согласно последната одлука за забрана за извоз на одредени житарици, брашно, и масло за јадење сега продава само на домашниот пазар.

„Сакам да ги уверам граѓаните дека имаме доволна количина на брашно во домашните млинови, а цените на основните прехранбени производи во наредниот период ќе се намалуваат како резултат на одлуките кои што ги донесе Владата за заштита на граѓаните од ценовни шокови.

До крајот на неделата очекуваме целосна стабилизација на пазарот и во зависност од информациите ќе се укине и забраната за извоз која што беше донесена минатата недела. Наш приоритет е да се грижиме за граѓаните и да ги заштитиме од ценовни шокови,“ изјави Бектеши.

Тој додаде дека институциите се во постојана комуникација со српските власти за обезбедување на дополнителни количини на пченица, што не значи дека не се покриени домашните потреби, туку овие количини се со цел одредени наши компании производители на брашно кои се извозници во регионот, по стабилизација на пазарот да може и да извезуваат и да станат поконкурентни и во време на криза.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најава за намалени цени, но што утврдивме на терен: Трговците ја ограничија продажбата на производи

Фото: Министерство за економија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Словачка го продолжи ембаргото за украинските житарки до крајот на годината

Редакција

Лани Телма во минус, Сител, Алсат М, Канал 5 и Алфа во плус

Редакција

Стопанската комора на северозападна Македонија апелира власта да не му прави пречки на бизнисот

Редакција