еМагазин
Image default
Бизнис

Стопанската комора на северозападна Македонија апелира власта да не му прави пречки на бизнисот

Локалните и централната власт да не го опструираат бизнисот, да ги почитуваат законските и административните постапки, наместо да ги менуваат одлуките и деталните урбанистички планови преку ноќ, апелира денеска Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ).

Претседателот на СКСЗМ Неби Хоџа на прес-конференција потенцира дека ваквите пречки што им ги прават локалните и централната власт на компаниите, не значи само стагнација на бизнисот, туку и обесхрабрување за натамошни вложувања.

– Силно ги осудуваме дневните политики кои ги попречуваат капиталните инвестиции, а имаат единствена цел да добијат поени на сметка на бизнисот, напомена Хоџа, потсетувајќи дека градежништвото во вториот квартал годинава бележи пад од околу 13 проценти.

Комората предупреди и дека македонската економија е во тешка состојба поради актуелните политички и социјални случувања.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои се најтргувани акции на Македонската берза во мај

Редакција

„Виз ер“ објави 100.000 билети од и до Дормунд за 9,99 евра

Редакција

Слободни над 6.000 работни места: Кои се најбарани работници?

Редакција