еМагазин
Image default
Бизнис

Инвеститорот на зградата кај Мајчин дом: Ако не сум имал право законски да градам, не требало да ми издадат одобрение

Инвеститорот на висококатницата кај Мајчин дом во Аеродром, Фатмир Етеми чија што изградба е стопирана, денеска на прес-конференција рече дека граѓаните реагираат зашто биле изманипулирани и доведени во заблуда од страна на политичките партии, а најгласни на протестите биле оние советници што ги поддржале ДУП-овите.

– За оваа локација цела година подготвувавме документи. Многу пари вложивме и многу работници ангажиравме. Правиме и повеќе зеленило отколку што има. Не е целта да земаме обесштетување, туку да ја развиваме економијата, да вработиме луѓе и да придонесуваме за државата. Во моментов имаме времено стопирање на изградбата поради неправилно поставување на оградата, но ќе продолжиме со работа за 15 дена – изјави Етеми.

Тој додаде дека до сега вложил 5,5 милиони евра, а вкупната инвестиција е околу 12 милиона. Според него, не може откако ќе се завршат сите постапки и откако инвеститорот ќе ги добие сите одобренија, некој да му каже дека не може да гради.

– Ако не сум имал право законски да градам, не требало да ми издадат одобрение за градба, истакна Етеми.

Објасни и дека се работи за 5.000 метри квадрати земјиште, при што не се гради на целата парцела, туку на само 1.700 метри квадратни. Другиот дел, од околу 3.000 квадрати ќе биде зеленило и паркинг. Проектот дополнително предвидува и хоризонтални и вертикални градини што е многу скапа инвестиција.

Фото: Сакаме Аеродром да дише/Фејсбук

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Граѓаните се обидоа да ја тргнат оградата кај Мајчин дом во Аеродром

Почна изградбата на висококатницата кај Мајчин дом: Аеродромци бараат оставка од градоначалникот

На 15 дена стопирана изградбата на деветкатницата во скопски Аеродром

Ако може да се смени името на државата, може и ДУП-от за Аеродром

(Видео) СДСМ со ВМРО-методи: Полноќно сечење на зеленилото во Аеродром

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продадени 350.000 акции од „Нова осигурување“ вредни 3,2 милиони евра

Редакција

Како да ја потврдите или корегирате Годишната даночна пријава: Не е проблем ако сте ја заборавиле лозинката

Редакција

Не сите граѓани и фирми ќе добијат одложено плаќање на кредитите, велат од банките

Редакција