еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Како да ја потврдите или корегирате Годишната даночна пријава: Не е проблем ако сте ја заборавиле лозинката

На 31 мај истекува рокот за потврдување или корегирање на Годишната даночна пријава.

По истекот на овој рок, Годишните даночни пријави ќе бидат конечни, информираа вчера од Управата за јавни приходи (УЈП).

За да можете да ја потврдите или да ја корегирате Вашата годишната даночна пријава се логирате на Вашиот кориснички профил.

На Вашиот кориснички профил се регистрирате ОВДЕ.

Доколку сте ја заборавиле лозинката од вашиот профил, кликнете на заборавена лозинка и ќе Ви се појави опција за да направите нова.

Кога ќе влезете во Вашиот кориснички профил, ќе ја видете пресметката на УЈП.

“Заклучно со овој рок даночните обврзници кои се регистрирани на системот е-Персонален данок преку своите кориснички профили имаат можност да го менуваат статусот на пријавата, односно да ја потврдат или да ја коригираат.

По истекот на законскиот рок Годишните даночни пријави ќе добијат статус на конечни даночни пријави, согласно последниот статус на Годишната даночна пријава – потврдена или коригирана.

На 01.06.2021 година службено ќе бидат потврдени и Годишните даночни пријави коишто од страна на граѓаните не се ниту потврдени ниту коригирани.

Годишната даночна пријава којашто граѓанинот ја коригирал, а добила статус на конечна даночна пријава ќе треба да биде одобрена од службено лице на Управата за јавни приходи.

Доколку службеното лице не ја одобри коригираната даночна пријава ќе се донесе решение за утврдување на данокот на личен доход за 2020 година.

Кај граѓаните кај кои се појавува обврска за доплата ќе се генерира налог за доплата, кој се наоѓа во самата даночна пријава (во прозорче печати).

Воедно, апелираме до граѓаните кои оствариле приходи, а се уште не се регистрирале на системот е-Персонален данок, истото да го сторат во најкраток можен рок имајќи ги предвид бројните придобивки на користењето на системот, меѓу нив и заштедата на време“, информираа од УЈП.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопјанец се самозадоволувал пред девојки во автобуси и влезови на згради, Обвинителството бара куќен притвор

Редакција

Во март 373 одобренија за градење, за 10% повеќе од лани

Редакција

Нови 150 случаи на Ковид-19, бројката на активни се намали под 10.000

Редакција