еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Од утре почнува сезоната за ноќно скијање на Пониква

Од утревечер на Пониква почнува сезоната за ноќно скијање, што ќе се реализира на двете патеки што располагаат со ски-лифтови.

Концесионерот на терените на Пониква, фирмата „Еурокомерц“ од Кочани, информираше дека патеките број 1 и 3 се подготвени со користење наменска машина – ратрак, а на посетителите им се нудат дополнителни можности за рекреација.

-Последните врнежи од снег и ниските температури придонесоа снежниот слој да се задржи со доволна цврстина, така што љубителите на скијањето можат да уживаат и во текот на ноќните часови.

Скијачките патеки ќе бидат отворени до 20 часот, осветлени се и соодветно обележани, а во функција се ставени и двата ски-лифта. Посетителите можат да изнајмат опрема за скијање или санкање, а цената на ноќниот билет е 500 денари за двете патеки, истакна Благој Манев, директор на „Еурокомерц“.

Во зависност од временските услови се планира ноќното скијање да продолжи во текот на целата зимска сезона, а по потреба дополнително ќе се анагажираат и топовите за производство на вештачки снег.

Ноќното скијање на Пониква беше воведено пред три години со реконструкцијата на ски-лифтовите и осветлувањето на патеките, а целта на Локалната самоуправа на Кочани е да се овозможи подолго користење на капацитетите на рекреативниот центар и подобрување на условите за развој на планинскиот туризам.

МИА/Фото: Унсплаш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Младиот Марко Пејчиновски со нов подвиг, исплива 14 км од Радожда до Охрид

Редакција

Pro Climate – dm разви производи кои се неутрални за животната средина

Редакција

Документарецот „Медена земја“ награден на фестивали во Полска, Шпанија, Грузија, Њујорк и Израел

Редакција