еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

A1 Македонија шеста година по ред со едукација на децата за безбедно користење на интернет

Со предавање во О.О.У. „Димитар Миладинов“ во Скопје за учениците од 4-то одделение, во рамките на едукативната програма за деца – „Интернетот не e само игра…Кликај безбедно!” А1 Македонија го започнува шестиот циклус работилници и го одбележува Светскиот ден за безбеден интернет, информираат од таму.

„Ни претставува особена чест и задоволство што и оваа, шеста година по ред, заедно со нашите партнери на проектот, Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието продолжуваме со предавања за да ги подготвиме децата уште од најмала возраст да знаат како подобро и паметно да ги ползуваат придобивките од Интернетот.

Интересот од страна на учениците, наставниот кадар но и на родителите не стивнува, а тоа е дополнителна потврда за потребата од едукација од ваков вид,“ изјави Елена Димовска, Раководител на одделот за корпоративни комуникации во А1 Македонија.

Од Министерството за образование и наука (МОН) изјавија дека градењето на партнерства помеѓу корпоративниот сектор и образованието е од особена важност за јакнење на капацитетите на образовниот процес и придонес кон креирање квалитетни образовни содржини, чиишто придобивки ги ползуваат младите генерации.

„Соработката со А1 Македонија продолжува и оваа, шеста година по ред, и навистина ни е драго дека овој проект од година во година наидува на голем интерес кај децата и наставниците, а секако и кај родителите како водечки воспитен фактор,” велат од МОН.

До крајот на учебната година се предвидени уште најмалку 5 работилници во Скопје и неколку градови во Македонија. Предавањата ги реализираат волонтери – вработени во А1 Македонија, кои преку интерактивни и интересни предавања прилагодени на возраста и образовната програма, го прошируваат знаењето на учениците за Интернетот, фокусирајќи се на безбедноста и заштитата на личните податоци на децата.

За „Интернетот не е само игра…Кликај Безбедно!“

Проектот „Интернетот не е само игра…Кликај Безбедно!” е дел од иницијативата „Интернет за сите” на Телеком Австрија Групацијата, која во Македонија започна во 2018 година.

Во рамките на проектот, предавањата досега ги проследиле повеќе од 3500 четврто-одделенци, од 13 градови во земјава, а активно беа вклучени наставници, директори, педагози и психолози од училиштата.

Целта на оваа иницијатива е преку различни алатки, програми и тренинзи, учениците да ги стекнат неопходните компетенции за нивно вклучување во општественото живеење во ерата на дигитализацијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ексклузивно претставување на Tikveš Chateaux & Domainеs на најголемиот Саем за вино ProWein 2019

Редакција

Бесплатни повици и СМС-пораки кон Турција и Сирија преку мрежата на Македонски телеком

Редакција

Еко-фарма „Беровко“ се вклучува во хуманитарната помош за лекувањето на Леонид

Редакција