еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Македонија ќе забрани увоз на руски дизел

Политика на Владата е да ги следи санкциите што ги воведува Европската Унија кон Русија, но недостиг на нафта и нафтени деривати не може да се случи по најновата одлука на Европската комисија да се забрани увоз на руско дизел гориво, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

– Одлуката да се забрани користење руско дизел гориво нема да има големо влијание во државава. За санкциите и порано сме кажале дека владина политика е да ги следиме сите санкции кои ги носи Европската комисија и така најверојатно ќе продолжиме, рече Бектеши во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата.

Тој нагласи дека очекуваат Министерството за надворешни работи да даде препорака до Владата за воведување санкции согласно одлуката на Европската комисија.

– Тие од 15 до 20 отсто можат да се покриваат и од други извори на снабдување. Не може да се случи недостиг на нафта и нафтени деривати. Сепак, околу евентуалното зголемување на цената може да кажам дека нивната цена е берзанска, а Владата може да влијае само во делот на давачките – акциза, ДДВ и други давачки, прецизира Бектеши.

Согласно податоците од Регулаторната комисија за енергетика, како што кажа, во земјава во последните неколку години не повеќе од 20 отсто е користена нафта од руски рафинерии, главно од една компанија која има руски капитал, а другата е увезена од Хеленик петролеум, кој главно користи од туѓи извори. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бислимоски не очекува забраната на рускиот дизел да има сериозни импликации на цената

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

32 лица од новозаразените со Ковид-19 неодамна патувале во странство

Редакција

(Видео) Немири во северно Косово, повредени десетина лица

Редакција

Заврши распитот на Мухамед Зеќири, нема докази дека планирал бегство, само „постои сомнеж“

Редакција