еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Бислимоски не очекува забраната на рускиот дизел да има сериозни импликации на цената

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), Марко Бислимоски, не очекува да има недостиг на нафта и нафтени деривати во Македонија по одлуката на Европската Унија за забрана за увоз на руски дизел, ниту, пак, тоа да има сериозни импликации на цената на дизелот во наредниот период.

– Мерката што во неделата ја донесе Европската Унија се однесува на дизелот, екстра лесното масло, мазутот и керозинот, но таа не може да се одрази врз земјава поради тоа што и во изминатите години ние не сме увезувале руски дизел, објави претседателот на РКЕ, Бислимоски, на својот Фејсбук-профил.

Како што посочува тој, најголемиот дел од готовите нафтени деривати меѓу кои и дизелот, односно околу 90 проценти, ги набавуваме од Грција каде руската нафта има многу мало влијание.

– На ниво на ЕУ потребите за обезбедување руски дизел беа околу 15 проценти или околу 720-730 долари за тон. Сега Унијата ќе прави централизирана набавка со цел да ги намали трошоците за транспорт и веќе има склучено договори за набавка на дизел во најголема мера со Кувајт, појаснува Бислимоски.

Во наредните десетина дена тој вели дека ќе следиме што ќе се случува на берзите и дали ќе има зголемени трошоци за транспорт кај компаниите, но не очекува сериозни импликации на цената на дизелот во наредниот период.

– По вчерашниот ден, кога почна да се применува мерката, на Медитеранската берза имаше намалување на цената на дизелот, прецизира Бислимоски во објавата на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија ќе забрани увоз на руски дизел

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Четворица членови на Управниот одбор купија акции од „Алкалоид“

Редакција

ММФ отвора регионална канцеларија во Виена за Северна Македонија, Албанија, Косово и Црна Гора

Редакција

Едно лице од ранетите во „Ист Гејт„ во критична состојба, другото пренесено на Клиниката за торакална хирургија

Редакција