„Нервен слом“ е насловот на новата песна на скопскиот култен бенд ПМГ Колектив, кој со 9 албуми во неполни 20 години е еден од најпродуктивните состави на нашата музичка сцена.
Препознатливи по скокотливо обработени урбани теми (Скопјанка, Манекенки, 80Ти, Култура, Принцеза), ПМГ Колектив се враќаат со топла, модерно продуцирана љубовна тема, полна со хумор и скриени пораки.
„Нервен Слом“ е музичко чедо на креативниот тандем Мирко Попов – Синиша Евтимов и го најавува излегувањето на компилацијата „Градот ме тера да пеам“, што ќе биде јубилејно двестото (200!) издание за дискографска куќа ПМГ Рекордингс.
Видеото за оваа несомнено хит песна, го изработи Мирко Попов.
Сингл изданието „Нервен Слом“ на ПМГ Колектив, во целост може да се набави на нивниот bandcamp сајт:pmgkolektiv1.bandcamp.