еМагазин
Image default
Бизнис

Вработените кои ќе работат трговија во недела, ќе имаат 100% поголема дневница

Според измените на Законот за трговија кои денеска беа донесени во Собранието, почнувајќи од 1 јануари 2022 година, вработените во трговските центри, односно моловите, во продавниците во склоп на бензински станици, трговци на мало со еден вработен, кои ќе работат во недела ќе добиваат двојно повисока дневница, односно дневница зголемена за 100%, информираше министерот за економија, Крешник Бектеши на неговиот Фејсбук-профил.

„Овие трговци ќе треба да платат и дополнителни, 2% од прометот остварен во моловите во претходната година за работењето во недела и празници, а средствата ќе бидат наменети за изградба на нови детски градинки,“ пишува Бектеши.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Акциите на „Комерцијална банка“, „Алкалоид“ и „Макпетрол“ најтргувани на Македонската берза

Редакција

Зголемен бројот на странските туристи во октомври

Редакција

Нови жичари, хотели, угостителски објекти, ски патеки: „ТехноАлпин“ го претстави планот за ски-центарот Попова Шапка

Редакција