еМагазин
Image default
Свет

Брзите антигенски тестови за Ковид-19 се помалку чувствителни на омикрон, соопшти Американската агенција за храна и лекови

Брзите домашни антигенски тестови за Ковид-19, кои имаат предност да даваат резултати за само неколку минути, се помалку чувствителни на омикрон отколку на претходните варијанти на коронавирусот и се со поголема веројатност да покажат лажно-негативен резултат и покрај инфекцијата во споредба со претходните соеви, соопшти Американската агенција за храна и лекови (ФДА).

– Прелиминарните податоци покажуваат дека антигенските тестови ја откриваат варијантата омикрон, но со намалена чувствителност, се вели во соопштението на ФДА. Чувствителноста е мерка за тоа колку е веројатно тестот да даде позитивен резултат.

Информацијата доаѓа во време кога земјата се соочува со голем пораст на бројот на случаи на зараза со омикрон.

ФДА објави дека продолжува да ја одобрува употребата на брзи антигенски тестови, следејќи ги прецизните упатства за употреба. Имено, некои брзи тестови треба да се направат двапати во одреден временски интервал за да се потврди резултатот.

МИА/Фото: Унсплаш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Иран го нападна Израел, дали е на повидок нова војна?

Редакција

Кина повикува на мировни преговори меѓу Израел и Хамас, предупредува на ескалација

Редакција

(Видео) Путин облече скафандер и ги посети заразените од корона вирусот во Москва

Редакција