еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Брачен пар се удави во Радика, откако нивниот автомобил излетал од патот

Две лица се извадени од водите на реката Радика, откако вчера попладне било пријавено дека автомобил паднал во реката.

Според првичните информации, станува збор за брачен пар од селото Житинани, Општина Центар Жупа.

Од СВР Тетово информираат дека околу 14 часот било пријавено дека во близина на Скудрињски мост по патниот правец Маврови Анови-Дебар во Радика било забележано патничко моторно возило.

Набрзо на терен излегле полициски службеници од полициското одделение Ростуше кои констатирале дека станува збор за „југо“ со дебарски регистарски ознаки и дека во нив имало две лица.

По доаѓањето на противпожарната единица и првата помош од Дебар, било констатирано дека во возилото имало две починати лица.

По извршениот увид од страна на увидна екипа од ОВР Гостивар и Јавен обвинител било констатирано дека станува збор за сопружници, маж на 63 годишна возраст и жена на возраст од 60 години од селото Житинани.

Јавен обвинител дал наредба за обдукција врз телата по што ќе се утврди причината за нивната смрт, а ќе се трага и по причините кои довеле до трагичниот настан.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска се прегласува на седум избирачки места

Редакција

„Македонскиот народ“ да се замени со „граѓани“: Што ќе бара Села од Заев

Редакција

ЈП „Градски Паркинг“ – Скопје од денеска со зимско сметање на работното време

Редакција