еМагазин
Image default
Забава

(Фото) На врвот на Пелистер заврши настанот „Зимска приказна“ во Битола

Симболично, со изгрејсонцето на првиот ден од новата 2022 година на врвот Пелистер заврши празничната „Зимска приказна“ во Битола, која беше своевиден претпразничен фестивал кој траеше девет денови.

34 планинари своето новогодишно зимско искачување „Први на 1-ви” го започнаа од платото пред Офицерскиот дом, кое во декември беше претворено во празничен плоштад каде се одвиваа сите настани.

На 30 минути после полноќ планинарите со музика и аплаузи беа испратени во својата прва акција – зимското искачување на Пелистер во новата 2022 година.

„Зимска приказна“ започна на 23 декември на минусни температури со новогодишниот концерт на Фолтин. 57 различни проекти, 60 часови активна програма и илјадници битолчани во публика беа причина градот Битола да живее претпразнично во посебен амбиент.

Десетици музички групи од сите жанрови, актери, диџеи, театарски претстави, учесници на детски музички фестивали, неколку работилници, изложби на локални учесници се покажаа како вистински рецепт за добра програма.

„Сите ангажирани учесници се избрани на јавниот конкурс кој го објави Општина Битола, мотивирајќи ги сите локални артисти да се пријават, со цел да се поддржи нивната уметничка работа, особено во годината кога заради протоколите имаа ограничен број ангажмани.

На оваа локација можност за промоција имаа и малите бизниси како што се занаетчиите, како и селектирана угостителска понуда и анимација со цел да се промовираат нудејќи придружна понуда која ќе асоцира на празници и славење. Битола конечно доби настан кој ја направи културно жива и во зима” истакнаа организаторите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дебитантот Александар Тодороски победник на Макфест

Редакција

(Видео) „Крв да ни се стори“ е танц на копнеење во двојка, вели Каролина за најновата музичка соработка со Пијан славеј и Дуке Бојаџиев

Редакција

За кого гласаше Македонија на Евровизија

Редакција