еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(Фото) Приказна со среќен крај: Куче 13 часа го грееше телото на неговиот пријател планинар, по пад во непристапен терен

Хрватската горска служба за спасување изведе исклучително тешка акција за спасување на планинар кој паднал 150 метри од врвот Велебит и се здобил со скршеници на нозете.

Акцијата траела цели 13 часа, и учествувале 27 спасувачи од цела Хрватска. Имајќи ги предвид минусните температури, неподвижноста на планинарот, непристапноста на теренот, оваа акција можеше да заврши несреќно.

Но, благодарејќи на кучето, кое се лизнало со сопственикот, во спасувањето на планинарот голема улога одиграло и тоа. Имено, цели 13 часа, склопчено врз неговото тело, го греел и го штител од премрзнатини.

Кучето не се одвојувало дури и кога пристигнале спасувачите, кои имале технички и физички исклучително тешка акција поради снегот, мразот, одроните и скршените стебла.

Фото: Хрватска горска служба за спасување

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Премиерите на Полска, Чешка и Словенија ќе одат во Киев на средба со Зеленски

Редакција

Кој е Драган Ковачки кого ВМРО-ДПМНЕ го предложи за технички министер за внатрешни работи

Редакција

Досега низ светот се поделени повеќе од милијарда дози вакцини, во сиромашните земји дистрибуирани само 0,3%

Редакција