еМагазин
Image default
ДОБРОСОСЕДСТВО ТОП СТОРИИ

Фунционира Договорот од Отворен Балкан, први три пратки за Македонија без чекање на границата, вели српскиот министер Недимовиќ

Првите три пратки од секторот за стоки од животинско потекло од Србија во вторник заминаа за Северна Македонија без да чекаат на граничните премини, со што Србија го означи почетокот на имплементација на Договорот за соработка во ветеринарното, фитосанитарното и безбедноста на храната, потпишан во Тирана во декември, како дел од иницијативата Отворен Балкан, јави дописникот на МИА од Белград.

Почетокот на имплементација на Договорот од страна на Србија го соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Бранислав Недимовиќ, додавајќи дека договореното се спроведува, а по потпишувањето на договорот веќе имало пратки од Северна Македонија во Србија.

-Како што се договоривме и потпишавме, така се и функционира, нема повеќе чекање на граничните премини, ако стоката тргне од Куманово и треба да оди во Суботица, ги признаваме нивните лабораториски анализи, таму се врши усогласување на документите, така е со стоката од животинско и растително потекло, така е со сите стоки кои се во секторот за безбедност на храната и тоа е она што е произлезено од Отворен Балкан, изјави Недимовиќ за ТВ Пинк.

Тој посочи дека Отворен Балкан во однос на прехранбениот сектор е ставен во фунција со полн капацитет и дека сега постои систем на рани најави.

-Тоа значи дека за оние кои сакаат да испратат некоја стока од Албанија во Србија, постои наша посебна платформа каде што шпедитерот еден ден претходно најавува што ќе пристигне, а ние автоматски му издаваме електронска потврда дека влегува во државата, изјави Недимовиќ.

Тој кажа дека целосната размена меѓу Србија, Северна Македонија и Албанија во прехранбениот сектор е околу 420 милиони долари и оти верува дека „со рушење на пречките“ за неколку години ќе достигне до милијарда долари размена.

Според него Србија во Северна Македонија и Албанија најмногу извезува пченица, пченка, брашно, сончогледово масло, „кое се извезува во неверојатно големи количини“, како и млечни производи, додека од Македонија најмногу се увезува грозје и вино, и како што наведе, „не толку домати како порано.“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се воведува единствена работна дозвола помеѓу Македонија, Србија и Албанија, потпишани неколку договори на „Отворен Балкан“

Почна примената на Договорот за поедноставен транспорт на храна меѓу Македонија, Србија и Албанија

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Патувањето на Буши не го платило МВР, било приватно за медицински цели пред тој да биде назначен на функцијата

Редакција

Убава вест: Оздравени 16 пациенти од корона вирусот, вкупната бројка е 1.621

Редакција

ЗК „Пелагонија“ ги продаде сите свои акции во „Жито Полог“

Редакција