еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Во декември зголемени цените на угостителските услуги

Ииндексот на цените на угостителските услуги во декември 2021 година, во споредба со ноември 2021, е зголемен за 0,5 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Зголемување е забележано во групата Храна за 0,4 проценти, Алкохолни пијалаци за 0,6, Безалкохолни пијалаци за 0,6 и Ноќевања за 0,6 отсто.

Индексот на цените на угостителските услуги во декември 2021 година, во однос на истиот месец претходната година е зголемен за 1,7 отсто.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари-декември 2021 година, во однос на истиот период од минатата година е зголемен за 0,6 отсто, додека во однос на декември 2020 година е зголемен за 0,5 проценти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Угостителските услуги во мај поскапеле за 9,7% на годишно ниво

Редакција

Минималната синдикална кошничка за декември 51.235 денари

Редакција

Цените лани се зголемиле за 3,2 проценти, притисоците за нивен раст продолжуваат велат од Народна банка

Редакција