еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Тито Петковски: Бугарија беше и останува отворен непријател на Македонија и Македонците

Лидерот на НСДП, Тито Петковски, се огласи на Фејсбук по повод серијата провокаторски изјави на бугарските политичари.

“Национал-шовинистичките изјави на Радев, Трифонов и сличните на нив бугарски политичари, само потврдуваат дека Бугарија беше и останува голем и за сега единствен, отворен непријател на Македонија и Македонците.

Ако се има во вид дека овие пораки од Бугарија доаѓаат само ден пред најголемиот христијански празник Божиќ, станува јасно дека се работи за луѓе без основни морални скрупули.

Ако вака се однесуваат кон “братска Северна Република Македонија”, како што вели Румен Радев, како ли се однесуваат кон оние, кои не им се браќа?“, напиша тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарскиот претседател Радев ги повтори условите за напредок на Македонија на патот кон ЕУ

Северномакедонците треба да ги признаат своите бугарски корени, без дискусија, вели лидерот на „Има таков народ“, Трифонов

Фото: НСДП

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Седум членки на ЕУ предложија одлуки за европската надворешна и безбедносна политика да се носат со квалификувано мнозинство

Редакција

Пет нови случаи на Ковид-19 во Тиквешко

Редакција

Бугарскиот пратеник и лидер на “Преродба“, Костадинов повторно изјави дека „Македонија е бугарска“

Редакција