еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Северномакедонците треба да ги признаат своите бугарски корени, без дискусија, вели лидерот на „Има таков народ“, Трифонов

Лидерот на „Има таков народ“, шоуменот Слави Трифонов на својот Фејсбук профил пишува дека темата Македонија е важна за сите Бугари, затоа што тоа било дел од нивната национална историја и „затоа што над 200 илјади бугарски војници загинаа за слободата и обединувањето на оваа земја“.

„Бидејќи и јас сум Бугарин и ми е важно, ќе го споделам моето мислење. Еднаш отидов во Македонија. Во Скопје, спроти бугарската амбасада, имаше голема табла со спреј. Натписот гласеше: „Бугари, умрете!“ Стоев пред овој знак половина час. Го погледнав и си помислив – зошто луѓе, што ви направивме за да чувствувате таква омраза?

Зарем спротивното не треба да биде чисто историско и емотивно? Стотици илјади од вас имаат бугарски пасоши, нели?

За да добиете бугарски пасош, мора да ги докажете бугарските корени. Значи, вие што имате бугарски пасоши во Македонија, извинете – во Северна Македонија и самите сакате да бидете мртви. Затоа што сте Бугари. Според пасошот. И на ваше барање.

Во вашите учебници по историја пишува дека Бугарите се фашисти. Значи, вие самите сте фашисти.

Се разбира, можам многу да зборувам за ова прашање, се со такви факти, но сега времето е поинакво. На 10 јануари ќе има советодавен совет на претседателот, темата е Македонија, извинете – Северна Македонија, затоа што Македонците сакаат да станат членки на Европската Унија, а Бугарија ги блокира и сите сме под притисок да ги пуштиме.

И покрај сите факти што ги наведов погоре. А што да правиме сега, драги Бугари, кои не се срамите да се нарекувате Бугари и со гордост и достоинство во душата да го носите концептот „Бугарин“?

Ќе ви кажам што мислам. Бидејќи Американците толку многу сакаат Северна Македонија во Европската Унија, нека на граѓаните на Бугарија, како и на граѓаните на повеќето земји во Европската Унија, да не им треба визи за да одат во Америка. Односно, ние сме полноправна членка на ЕУ и бугарските граѓани, бидејќи се Европејци, да не им требаат визи за да одат во Америка.

И второ, повторно, бидејќи сме полноправна членка на Европската Унија, Бугарија мора веднаш да стане членка на Шенген зоната. Доста е чекање, чекални и ние треба да бидеме Европејци, но ние сме помалку Европејци од вистинските Европејци. Значи – нема визи за Америка и членки на Шенген.

Штом САД и ЕУ сакаат да бидеме лојални партнери, добро, но лојалноста е двонасочна. Ние ќе им бидеме лојални, но тие нека ни бидат лојални. Ова е фер. И така е правилно.

Под овие услови, и доколку Македонците, извинете – северномакедонците, ги исполнат нашите услови потпишани во Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Бугарија и Северна Македонија, можеме да го започнеме преговарачкиот процес за прием на Северна Македонија во Европската Унијата“, напиша тој.

По извесно време тој објави уште еден статус на својот Фејсбук со кој се дообјаснува околу прашањето за Македонија, зашто, според него, не бил добро разбран.

“Бидејќи има луѓе, кои не го разбираат тоа што го напишав, посебно ќе им објаснам на оние кои читаат само наслови, а не го читаат текстот.

Моето лично мислење како граѓанин на Бугарија во однос на дозволата С.Македонија да почне преговори за членство во ЕУ е следното:

За Република Северна Македонија – вие задолжително треба да ги исполните сите точки од Договорот за добрососедство, пријателство и соработка, што сте ги потпишале со Бугарија, вклучително и сето она поврзано со историјата на Бугарија.

Северномакедонците треба да ги признаат своите бугарски корени. Тоа е услов без право на жалба и не подлежи на дискусија.

И за нашите партнери од НАТО и ЕУ – бидејќи толку држите до тоа, ние да ја поддржиме С.Македонија за преговори за членство во ЕУ, постапете партнерски кон нас, со оглед дека сакате ние да сме ви партнери – без визи во САД и веднаш во Шенген.

Мислам дека сега моето мислење како граѓанин на Бугарија е повеќе од јасно„, пишува Трифонов.

Фото: Трифонов/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Меркел се возеше со мерцедесот за кој Груевски доби две години затвор

Редакција

20,9% од заболените со Ковид-19 во Македонија биле хоспитализирани

Редакција

(Видео+Фото) Дупка длабока 10 и широка 5 метри се отвори кај Косоврасти, сообраќајот неколку часа беше во прекин

Редакција