еМагазин
Image default
Балкан

(ВИДЕО) Бериша насилно се обиде да го преземе седиштето на Демократската партија во Тирана

Поранешниот претседател на Демократската партија на Албанија (ДПА) и премиер, Сали Бериша вчера со свои симпатизери, насилно се обиде да го преземе седиштето на партијата во Тирана.

На Бериша и неговите приврзаници, му се спротиставија членови на партијата кои го поддржуваат актуелниот претседател Љуљзим Баша, по што настана хаос, а со солзавец интервенираше и полицијата.

Според Бериша, канцелариите на ДПА, нелегално се узурпирани од раководството на партијата и тој планира да отпочне процес за враќање на „вистинската“ Демократската партија.

За Баша, кој се огласи на Фејсбук, обидот за преземање на седиштето е грда претстава на насилство, а со тој чин Бериша си го запечатил својот последен ден во политиката.

“Апсолутното мнозинство од демократите го напуштија него и криминалците со кои бараше да ја уништи Демократската партија. Демократите денеска решително застанаа во одбрана на Домот на слободата, како единствена надеж на Албанците за промени“, напиша тој.

Фото/видео: Vizion Plus TV

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ципрас: Договорот од Преспа ги отвора Грците кон светот

Редакција

Од утре вакцинираните граѓани во Србија ќе добиваат дигитален ковид сертификат

Редакција

Рама на “Отворен Балкан“: Пријатели од Македонија не се нервирајте поради Бугарија

Редакција