еМагазин
Image default
Балкан

Од утре вакцинираните граѓани во Србија ќе добиваат дигитален ковид сертификат

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ соопшти дека од сабота, 1 мај, сите граѓани што се вакцинирани, ќе добијат дигитален ковид сертификат, јави дописникот на МИА од Белград.

-Благодарение на ИТ системот, можеме да имаме целосно електронски ковид сертификати, изјави Брнабиќ.

Таа додаде дека Србија ги споделила своите сертификати со Светската здравствена организација (СЗО), како и со некои други земји, наведувајќи дека верува дека тие земји ќе ги прифатат сертификатите.

Според Брнабиќ, во Србија две дози вакцини против коронавирусот примиле 25,6 отсто од граѓаните, односно 1.462.125 лица.

– Имунизирани се, односно поминале две недели од примање на втората доза на вакцината или пет недели во случај на примање на вакцината АстраЗенека вкупно 1.261.974 или 22 отсто лица, рече српаската премиерка.

Како што оцени, постојат големи разлики во бројот на вакцинирани меѓу различни градови, наведувајќи дека најголем број вакцинирани има во Белград (над 600.000).

Брнабиќ кажа и дека меѓу хоспитализираните низ Србија, кои се нешто помалку од 5.000, 98% од нив не биле вакцинирани.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Macedonia the GReat“ колективна трговска ознака за производите од грчката област Македонија

Редакција

Халкидики доби струја, состојбата се нормализира

Редакција

Грција: 20 туристи од Србија позитивни на Ковид-19

Редакција