еМагазин
Image default
Бизнис

Дизелот поскапува за два, а бензините за половина денар по литар

Цената на дизелот од ноќеска на полноќ се зголемува за два денара по литар, а бензините поскапуваат за половина денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,24 отсто.

Новата малопродажна цена на бензинот „еуросупер БС-95“ ќе изнесува 75,5 денари за литар, „еуросупер БС-98“ ќе се продава за 77,5, а „еуродизел“ и екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) по 67,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 1,514 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 41,724 денари.

Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на светските берзи во изминатите седум дена кај бензинот во просек за 2,051 отсто и кај дизелот за 4,978 отсто, како и за 0,101 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нето платата во декември 34.364 денари

Редакција

Се заканува затворање на 800 туристички агенции ако се изземат од мерката „Ваучер за домашен туризам“

Редакција

Продаден блок акции од НЛБ Банка за 41.000 евра

Редакција