За еден денар се зголемува цената на бензините, а на дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство за денар и пол, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Од полноќ во следните седум дена, „еуросупер БС-95“ ќе се продава по цена од 76,5 денари, „еуросупер БС-98“ по цена од 78,5 денари, а новата цена на дизелот и екстра лесното масло за домаќинство ќе изнесува 69 денари за литар.
Новите повисоки цени на нафтените деривати се должат на зголемувањето на цените на светските берзи во изминатиот седумдневен период.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.