еМагазин
Image default
Бизнис

Бектеши: Не се вистинити наодите на Косово, подготвени сме за разговор со факти

Министерството за економија во понеделник организира состанок со повеќе надлежни органи и институции во насока на решавање на проблемот кој што настана откако Косово воведе забрана за увоз на компири и мед од нашата држава.

„На состанокот покрај Министерството за економија, ке учествуваат Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Царинската управа , Агенцијата за храна и ветеринарство и други институции. На состанокот се очекува да се превземат активности за разрешување на последиците од воведената мерка од страна на Р.Косово.

Што се однесува до наводите од косовската страна дека не е даден одговор на решавањето на прашањето за увоз на икра и млада риба од Република Косово во Република Северна Македонија, Министерството за економија како и другите надлежни институции во земјата веднаш ја информираа косовската страна дека мерката е воведена согласно на прописите на Европската Унија за увоз на овие производи.

Ова е согласно и со Спогодбата за санитарни и фитосанитарни мерки на СТО каде Република Северна Македонија  е членка од 2003 година“, вели министерот за економија Крешник Бектеши.

Тој додава дека согласно на правилата на ЦЕФТА , Министерството за економија уште во јуни на редовните состаноци на ЦЕФТА одговори на косовската страна по ова прашање а исто така и  Агенцијата за храна и ветеринарство  ја извести косовската страна дека новите законски прописи се донесени согласно на Европската регулатива.

„Во изминатиот период Агенцијата за храна и ветеринарство, направи интензивни напори за надминување на проблемот со цел добивање на соодветни информации во врска со животинскиот и рибниот здравствен статус, но вакви податоци не се добиени иако се побарани повеќе пати од ресорната институција во Република Косово. Нивните претставници истакнаа дека системот за надзор на рибни болести во Република Косово не се следи.

Сепак, од страна на Република Северна Македонија  во овој период се остваруваа интензивни контакти со надлежните институции од Република Косово за надминување на настанатата состојба при увозот на овие производи, меѓутоа не се добиени податоци кои би ја потврдиле здравствената состојба на наведените производи од акредитирана институција од  Република Косово“, вели Бектеши.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Косово забрани увоз на компири и мед од Македонија

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Банките наплаќаат просечна камата од 4,89% на кредитите, а даваат 1,11% за штедните влогови

Редакција

„Алкалоид“ со историско достигнување во третманот на рефлуксен езофагитис и ГЕРБ – патентиран првиот Омепразол во течна форма во светот

Редакција

Вработените во ЈСП протестираат пред Владата за неисплатена плата

Редакција