еМагазин
Image default
Бизнис

Откриени четири комбиња кои вршеле меѓународен превоз на патници без документација

Полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Табановце при Регионалниот центар за гранични работи Север, на 19/20 јануари при контрола при влез во државата на четири комбиња за меѓународен превоз на патници, и тоа две „форд“, едно „мерцедес“ и едно „фиат“, од кои три со струмички и едно со скопски регистарски ознаки, управувани од Т.В.(25), П.В.(50), Ч.Т.(28) и М.П.(33), сите од Струмица, констатирале дека возилата вршат меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација.

МВР соопшти дека од страна на полициските службеници биле известени инспектори од Одделението за инспекциски надзор на патниот сообраќај во рамки на Државниот инспекторат за транспорт при Министерство за транспорт и врски и се преземаат мерки за комплетно расчистувањe на случаите.

Фото: Унсплаш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Општина Кавадарци вработува 16 лица, плата до 37.631 денари

Редакција

ЕСМ склучи договор со Новоматрикс вреден 2,2 милиони евра

Редакција

КПУ Идризово склучи договор со “Фодулмак“ вреден 1,1 милион евра

Редакција