еМагазин
Image default
Бизнис

Колкави приходи имале лани ТВ 24, Наша ТВ, Шења, Клан, Сонце и ТВ 21

Во 2020 година, на државно ниво преку неограничен ресурс програма емитуваа вкупно шест телевизии, и тоа две преку сателит (24 Вести и Наша ТВ) и четири преку јавна електронска комуникациска мрежа што не користи ограничен ресурс (Компани 21-М, Шења, Клан и Сонце).

Заеднички тие оствариле вкупни приходи во износ од 140,93 милиони денари, покажува Анализата на пазарот на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2020 година на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

-75,47% од овој износ се приходите на 24 Вести и на Компани 21-М.

Во овие 140,93 милиони денари се вклучени и вкупно 17,92 милиони денари донација од АВМУ, наменета за справување со последиците од коронавирусот Ковид-19.

На телевизиите што веќе го имаа платено надоместокот за дозволата за 2020 година им беа вратени уплатените средства за 2019 и 2020 година (на 24 Вести – 4,14 милиони денари, на Наша ТВ – 3,49 милиони денари и на Клан – 4,37 милиони денари), а на телевизиите на кои во моментот на донесување на Одлуката на АВМУ не им беше доспеан рокот за плаќање на надоместокот за 2020 година, им беше вратен износот што го уплатиле за надоместокот за 2019 година (на Сонце 1,69 милиони денари, а на Компани 21-М и на Шења по 2,11 милиони денари) и беа ослободени од плаќање на надоместокот за 2020 година

Пад на вкупните приходи во споредба со претходната година забележале само две телевизии (24 Вести за 0,78% и Шења за 20,91%). Приходите на Наша ТВ се зголемиле за 45,19%, на Компани 21-М за 24,25%, на Клан за 22,22%, а на Сонце за 382,05%.

24 Вести, Компани 21-М, Клан и Шења најголем дел од приходите ги оствариле од рекламирање, а Наша ТВ и Сонце од т.н. „останати приходи“, во кои се пресметани и износите од донацијата од АВМУ.

Приходите од рекламирање што заеднички ги оствариле овие шест телевизии изнесувале 92,59 милиони денари. 24 Вести и Компани 21-М оствариле 82% од овој износ.

Сите шест телевизии прикажале помалку приходи од реклами отколку во претходната година, и тоа 24 Вести за 21,80%, Наша ТВ за 29,51%, Компани 21-М за 8,55%, Шења за 57,38%, Клан за 20,39% и Сонце за 34,62%.

Највисоки приходи од рекламирање остварила 24 Вести (47,41 милион денари).

Приходите од рекламирање на Компани 21-М изнесувале 28,46 милиони денари. Останатите четири телевизии оствариле значајно помалку приходи од нив, и тоа: Клан прикажала 8,16 милиони денари, Шења 5,80 милиони денари, Наша ТВ 2,58 милиони денари, а Сонце само 0,17 милиони денари

Вкупните приходи од реклами на овие шест телевизии (во износ од 92,59 милиони денари), во себе ги вклучуваат и приходите од емитување платено политичко рекламирање (во вкупен износ од 29,07 милиони денари). Наша ТВ и Сонце воопшто не емитувале платено политичко рекламирање.

Од четирите телевизии што емитувале платено политичко рекламирање, највисоки приходи по овој основ прикажала Компани 21-М (13,32 милиони денари). Телевизија Клан остварила 7,69 милиони денари, а 24 Вести 6,22 милиони денари, стои во анализата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

24 Вести, Наша ТВ, Сонце, Шења, Клан и ТВ 21 лани работеле со загуба

Колкави приходи лани оствариле Сител, Алсат-М, Телма, Алфа и Канал 5

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој донирал за претседателската кампања на Арбен Таравари

Редакција

Се враќа во сила Законот за акцизи, од полноќ бензините поевтини за два денара

Редакција

Трговците најавуваат затворање на бензинските станици во источниот дел на земјата

Редакција