еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Обвинителство прибира докази: Возачот кој на пешачки ја усмрти 24-годишната девојка од Радовиш, на распит во полициска станица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа изврши увид на местото на тешка сообраќајна несреќа во близина на трговскиот центар „Сити мол“ во Скопје, во која животот го загуби едно лице, а уште едно беше повредено, соопштија денеска од Основното јавно обвинителство.

Оттаму наведуваат дека според првичните сознанија, до несреќата дошло кога патнички автомобил „Цитроен Ц4“, управуван од лице на возраст од 22 години, удрил во двајца пешаци, девојка и момче на возраст од по 24 години, кои поминувале преку улицата.

Од здобиените повреди, оштетената починала на лице место, додека другиот пешак е повреден и пренесен во болница.

– По наредба на јавен обвинител, возачот на автомобилот веднаш по несреќата е лишен од слобода и задржан во полициска станица.

Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатата, а нареди и вештачење на примероци од крв и урина од возачот на автомобилот со цел да се утврди дали тој управувал со возилото под дејство на алкохол или други недозволени супстанции.

Издадена е наредба за обезбедување на снимките од видео надзорот на местото каде се случи несреќата. Се преземаат и други дејствија за целосно расчистување на случајот, по што ќе биде донесена одлука за натамошното постапување,“ информираат од ОЈО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Девојката која загина во скопски Карпош била од Радовиш, ја прегазил 22-годишно момче од Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Колку е моќен македонскиот пасош: Рангирање на Henley Passport

Редакција

Проф.Трајковски: Изненаден сум од високата вредност на репродукцискиот број, а се зголемува стапката на позитивни тестови и дневните бројки

Редакција

Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение и мораториум на Концепцијата за основно образование

Редакција