еМагазин
Image default
Македонија

СВР Охрид презема мерки за расчистување на случајот со градоначалникот Пецаков

СВР Охрид во координација со Центарот за јавно здравје презема мерки и активности за расчистување на случајот со градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, кој добил позитивен наод на тест за Ковид-19 на испитувањето направено по завршувањето на богојавленските свечености во Охрид на кои лично присуствуваше, соопштија за МИА од Министерството за внатрешни работи, додавајќи дека по расчистувањето на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Имено, како што јави МИА, на повтореното тестирање резултатите биле негативни.

И двете тестирања биле спроведени во истата установа – во Центарот за јавно здравје во Охрид.

Пецаков на својот Фејсбук-профил појаснува дека не чувствува никакви симптоми, но оти ПЦР тестирањето го направил заради потреба од патување во странство.

Од друга страна, директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Ирина Бухова, за неколку медиуми изјави дека Пецаков морал да се изолира додека го чекал тестот. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Градоначалникот на Охрид, Пецаков, позитивен, па негативен на тест за Ковид-19

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Мицкоски се сретна со Орбан, му изразил загриженост за криминалите и скандалите на Владата на Заев

Редакција

Нови 308 случаи на Ковид-19 од 2.643 тестирања

Редакција

Бугарските барања засега не се вклучени во преговарачката рамка, се чека исходот од состанокот во Берлин

Редакција