еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Градоначалникот на Охрид, Пецаков, позитивен, па негативен на тест за Ковид-19

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, добил позитивен наод на тест за Ковид-19 на испитувањето направено по завршувањето на богојавленските свечености во Охрид на кои лично присуствуваше.

На повтореното тестирање резултатите биле негативни.

 

И двете тестирања биле спроведени во истата установа – во Центарот за јавно здравје во Охрид.

Пецаков на својот Фејсбук-профил појаснува дека не чувствува никакви симптоми, но оти ПЦР тестирањето го направил заради потреба од патување во странство.

Слично беше и со случајот на секретарот на Оштината, Александар Китески, кој исто така добил позитивен, па негативен резултат на тестирањето за Ковид-19 спроведено исто така заради потреба од патување надвор од земјата

МИА/фото: Фејсбук/Пецаков

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

АЕК вработува 11 службеници, плата до 80 илјади денари

Редакција

Иванов на средбата со папата Франциск ги повика граѓаните на помирување и простување и сплотување за духовна обнова на Македонија

Редакција

Со глад штрајкуваат 270 затвореници во „Идризово“

Редакција