Министерство за здравство информира дека во текот на изминатите 24 часа се регистрирани 24 починати лица од Ковид-19: 7 починати лица од Скопје (61г, 67г, 67г, 72г, 82г, 83г и 83г), 4 починати од Куманово (69г, 75г, 80г и 90г), 3 починати лица од Струмица (66г, 71г и 78г), по 2 починати лица од Охрид (48г и 69г ) и Кочани (78г и 82г) и по едно починато лице од Прилеп (66г), Битола (81г), Велес (73г), Штип (69г), Свети Николе (72г) и Пробиштип (80г).
Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, нема пријавени починати лица.
Од вкупниот број на починати лица (n=24), девет лица се целосно вакцинирани, а кај 23 се регистрирани коморбидитети.
Вкупната бројка на починати е 8.362.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
1.837 нови случаи на Ковид-19 од 6.647 тестирања, 246 се реинфекции
Убава вест: Оздравени 85 болни од Ковид-19
Фото: МЗ