еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Синдромот на нервозно црево – сẻ почесто присутен кај младите и возрасните

Со асистент д-р Емилија Николовска Трпчевска специјалист интернист, субспецијалист гастоентерохепатолог од Универзитетската Клиника за гастроентерохепатологија  разговараме за причините, симптомите, но и третманот на нервозните црева.

Синдром на иритабилен колон или нервозни црева е функционално нарушување на гастроинтестиналниот тракт со изразени тегоби кои можат во значителна мера да влијаат на квалитетот на животот.

Најчесто се манифестира со абдоминална болка, која може да биде проследена со констипација или дијареа. Овој синдром е присутен кај 10 до 20 проценти од популацијата, а  почесто е присутна кај жените предизвикана од хормоналниот статус.

„За поставување на дијагноза синдром на иритабилно црево треба пациентот најмалку еднаш неделно да има абдоминална болка и тоа во претходните три месеци. Има повеќе ризик фактори што може да влијаат во настанување на овој синдром – нарушената цревна флора, односно кога во цревата доминираат лошите бактерии како streptococcus, staphylococcus, escherichia и слично.

Потоа секојдневниот стрес, анксиозноста, депресијата, хормоналниот статус кај жените, како и пушењето, исхраната и слично“, објаснува д-р Николовска Трпчевска.

Синдромот е хронична состојба која понекогаш опстојува во текот на целиот живот. Не секогаш со ист интензитет, односно може да се повлече и потоа повторно да се појави. Постои соодветен фармаколошки третман кој го одредуваат лекарите специјалисти како и супортивна терапија и соодветни совети за промена на одредени навики.

Покрај пробиотиците, како и соодветна терапија за дијареа, констипации, болки, а по потреба и антидепресиви, се препорачува и промена на исхраната и воведување на здрави животни навики и физичка активност.

Најчесто лицата кои го имаат синдромот ги исфрлаат од исхраната јаглехидратите, односно храната богати со шеќери, а го зголемуваат внесот на полнозрнести житарици, свежи овошја и зеленчук. За справување со стресот или во случај кога личноста е поемотивна, се препорачува зголемување на физичката активност, која треба да помине во редовна навика.

„Од големиот избор на пробиотици кои се присутни на пазарот, има еден релативно нов препарат на пазарот, кој содржи пробиотска комбинација од Saccharomyces boulardii i Bifidobacterium bifidum. Во препаратот е вклучен и 5мг цинк кој помага за подобрување на имунитетот на целиот организам.

Оваа пробиотска комбинација помага во третманот на синдромот на иритабилно црево со тоа што пробиотикот ќе ги надвладее лошите бактерии, синтетизира антимикробни материи кои спречуваат раст и размножување на штетните микроорганизми.

На тој начин се одржува здравата цревна микрофлора и се намалуваат симптомите на дијареја или констипација кои знаат да бидат присутни кај пациентите со нервозни црева“, објаснува д-р Николовска Трпчевска.

Производот е наменет за нормално функционирање на дигестивниот систем, а влијае позитивно и врз имунитетот на поединецот.

Единствениот состав со Saccharomyces boulardii, Bifidobacterium bifidum и цинк претставува незаменлива помош за третирање на синдромот на нервозни црева, којшто не е познато што точно го предизвикува.

ПР-објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почина познатата српска пејачка Мерима Његомир

Редакција

УХМР забележа невообичаено топло и сушно време во март

Редакција

(Фото) Заев и Филипче со синовите на мотори се дружеа на Беласица

Редакција