еМагазин
Image default
Свет

И покрај сите мерки на австралиската влада, омикронот ги наполни болниците и ги испразни маркетите

Популарноста на австралискиот премиер Скот Морисон падна на најниско ниво од 2020 година, само неколку месеци пред изборите, покажува најново истражување на јавното мислење, пишува „Аустралијан“.

Поддршката за Морисон во јануари паднала за пет процентни поени на 39 отсто, што е најлош резултат во последните две години, а, според граѓаните, се должи на лошото справување со омикрон-сојот на коронавирусот на неговата влада.

Откако омикрон го зема својот замав во земјата, болниците во Австралија се преполнети, а почнуваат да фалат продукти во супермаркетите. Популарноста на Морисон опадна, но и на неговата конзервативна партија, откако е на власт од 2018 година.

Морисон претходно уживаше голема популарност, особено кога ги затвори границите на Австралија и им понуди финансиска помош на загрозените поради карантинот, што придонесе за брзо сузбивање на коронавирусот.

МИА/Фото: Унсплаш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

НАТО по четврти пат му го продолжи мандатот на Столтенберг

Редакција

(ВИДЕО) Катедралата Нотр-Дам е спасена, пожарот не бил подметнат

Редакција

(Видео) Срамнет Мауи на Хаваи, до сега 89 загинати: Најголема природна катастрофа во последните 100 години

Редакција