Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за периодот од 24 до 30 јануари покажуваат дека се тестирани вкупно 38.518 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 2,0% во однос на минатата недела.
“Регистрирани сe 11.916 нови позитивни случаи од 35 градови во државата, со зголемување од 2,7% во однос на минатата недела (n=11.598).
Процентот на позитивност се движи од 22,5% до 35,8%, просечно 30,3%.
Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=6.033; 50,6%), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Кавадарци – 1.420,7/100.000“, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најголем дел од новозаболените со Ковид-19 се на возраст од 30 до 39 години и над 60
Четири лица биле на возраст од 20 до 49 години: Минатата недела 148 смртни случаи од Ковид-19
Минатата недела 1.558 лица по вторпат се заразиле со Ковид-19
Фото: МЗ