еМагазин
Image default
Локално

Внимателно на Водно: Жена скрши нога на една од патеките кон врв, поради замрзнат терен

Денеска во претпопладневните часови се случи немил настан на движечките пешачки-козји патеки низ падините на планината Водно, имено жена движејќи се низ патеките поради замрзнатиот терен се лизнала и паднала на делот од патеката од средно Водно кон врв, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

„Жената се здобила со посериозни повреди односно со прелом на ногата, а Горска служба по повик од 195 ја имобилизираа и жената е однесена до ургентен центар.

Со оглед дека се работи за сè уште ниски температури во текот на ноќите, а променливи во текот на денот, Центарот за управување со кризи укажува на внимателност во движењето на погоренаведените патеки кон Средно и Горно Водно за љубителите на движењето во природа и при движењето да се носи соодветна опрема и помагала адекватна за посакуваниот движечки терен како и временски услови во кои се движи, искачува и планинари,“ велат од ЦУК.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Торба со марихуана и насади пронајдени кај жител на Миравци

Редакција

Отворена средба на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација со граѓаните и локалните институции во Берово

Редакција

Групна тепачка за време на полициски час на улица „Христо Татарчев“ во Скопје

Редакција