еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) Петков не му одговори на новинар на Би-би-си за Македонците во Бугарија

Извинете, но немаат права ниту етничките Македонци во Бугарија, всушност во Европскиот суд за човекови права има повеќе случаи врз таа основа отколку обратно, на Бугари чии права се повредени во Македонија, му одговори новинарот Стивен Сакур на бугарскиот премиер Кирил Петков во интервју за емисијата Hard talk на Би-би-си.

Сакур ја даде оваа забелешка во моментот кога Петков во интервјуто рече дека Бугарите во Македонија немаат право на правна заштита.

„Се наоѓате на тенок мраз“, додаде Сакур.

Петков избегна да одговори на забелешката и додаде дека со македонскиот премиер Димитар Ковачевски договориле дека Бугарите треба да имаат легални права како и сите Македонци и останатите народи.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Агент за недвижности за еден стан земал капар од повеќе купувачи: Парите ги нема

Редакција

Џафери контра Рускоска: Судот ќе биде одговорен за евентуалното бегство на Вељаноски

Редакција

Антикорупциска најави прекршочни пријави за 30-тина професори и декани од УКИМ, оти не го пријавиле имотот

Редакција