еМагазин
Image default
Македонија

Антикорупциска најави прекршочни пријави за 30-тина професори и декани од УКИМ, оти не го пријавиле имотот

Од Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) денеска најавија дека ќе поднесат прекршочни пријави за 30-тина професори и декани од Универзитетот „Кирил и Методиј“ (УКИМ), кои не доставиле анкетни листови.

Освен на УКИМ, ДКСК ќе спроведе контроли и на другите универзитети.

Антикорупциска упати повик до сите раководители во институциите да испратат податоци за избрани и именувани лица, со цел да се ажурира регистарот на Комисијата.

Од таму потсетуваат дека за неисполнување на оваа обврска се одговара прекршочно.

Анкетни листови се очекуваат и од нотари, извршители и административци.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Еден позитивен случај и тројца оздравени од Ковид-19 во Берово

Редакција

51 од случаите со коронавирус се импортирани од надвор, 229 лица имале контакт со веќе потврден случај

Редакција

Убава вест: 486 оздравени од Ковид-19

Редакција