еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Државна ревизија: Јавниот долг го достигна лимитот од 60% од БДП

Државниот завод за ревизија (ДЗР) го објави ревизорскиот извештај од извршената ревизија на успешност – Управување на јавниот долг-задолжување на Македонија.

Ревизијата е извршена согласно годишната Програма за работа на Државниот завод за ревизија за 2020 година и го опфаќа периодот 2015 – 2020 иако одредени области, прашања и настани се опфатени пред 2015 година.

-Во услови на ковид-пандемијата постигнат е лимитот на јавниот долг од 60 отсто од БДП и долгот е зголемен за 15 процентни поени.

Во Република Северна Македонија и други држави во меѓународни рамки како одговор на здравствено-економската криза не секогаш е обезбедено почитување на фискалните правила за управување со јавен долг и дефицит и има зголемување на нивото на јавниот долг, наведува ДЗР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поранешен бранител во дом за стари во Хрватска уби најмалку пет лица

Редакција

(Видео) Тркало се откачи од автомобил во кој се возел Вучиќ

Редакција

Мијалков осуден на осум години затвор за „Трезор“, Грујевски на 15, а се конфискувани и пари во износ од 176.000 евра

Редакција