еМагазин
Image default
Бизнис

„Алкалоид“ ја пушти во функција својата нова професионална дигитална платформа за медицински професионалци

При одбројувањето на третата година од глобалната пандемија, како и сиот свет така и нашата компанија мина низ процес на брзи промени и на трансформација на работењето на сите нивоа. Социјалната дистанца и динамиката на дејностите во кои работиме налагаа одржување чекор со новините и со трендовите во здравството и во фармацијата преку алтернативни начини на комуникација, кои вклучуваат современи дигитални алатки, информираат од „Алкалоид“.

-Во духот на нашето мото „Здравјето пред сѐ“, а во својство на една од алките во спрегата медицина – фармација – пациенти, сметаме дека нашата одговорност во процесот на функционирање на овој систем во услови на пандемија е особено значајна, па затоа пуштивме во функција нова иновативна веб-страница, посветена на македонските здравствени професионалци, „Алкалоид пронет“.

Станува збор за проект кој е единствен од ваков вид во земјава и во регионот, наменет за континуирана поддршка на здравствените професионалци при нивната секојдневна грижа за пациентите, преку современа дигитализирана мрежа за размена на информации.

Покрај информативно-едукативни содржини од областа на здравството, оваа мрежа содржи и детални информации за фармацевтското производствено портфолио на „Алкалоид“ (регистрирани лекови, медицински средства и додатоци во исхраната), како и неколку основни рубрики: Терапевтски области – со содржини од повеќе различни области и специјалности од медицината, Алатки – терапевтски водичи, дијагностички тестови, прашалници и калкулатори, кои се користат во секојдневната медицинска пракса, Од вашите колеги за вас – содржи научни трудови и специјализирани статии на различни медицински теми, елаборирани од еминентни имиња на македонското здравство, Настани и вебинари – каде што може да се проследат повеќе виртуелни работилници на кои стручни лица зборуваат за актуелни теми од областа на медицината.

Целта на „Алкалоид пронет“ е да се развие во детален и во релевантен информатор за македонските здравствени професионалци, со тенденција во иднина да прерасне и во регионална платформа, велат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Компании од индустриските зони најавуваат преселба на капацитетите од Украина во државава

Редакција

Владата вработува посебен советник за труд на премиерот Зоран Заев, плата од 50.000 денари

Редакција

Гинтер Фриедл влегува во Управниот одбор на НЛБ Банка

Редакција