еМагазин
Image default
Спорт

Омилените 3 км се приближуваат: Започнa пријавувањето за 10. Авицена Женска трка

Најпознатата и најголема трка за жени во земјата, оваа година заокружува една цела декада исполнета со големи успеси, резултати, рекорди, зголемена свесност за негување на здрави навики и здрав животен стил, како и сè побројни учеснички со секоја нова стартна линија.

Во организација на Сојуз на спортови на Скопје и под покровителство на Град Скопје, на 10 април 2022 (недела), ќе се одржи 10. издание на Авицена Женска трка во Скопје.

Вчера во 12 часот и официјално започнаа пријавите за оваа 3 км трка, а секоја заинтересирана има можност да се пријави најдоцна до 4 април 2022.

Пријавувањето и регистрацијата за Авицена Женска трка 2022, секоја ќе може да го направи истото преку официјалната веб страница на Авицена Женска трка www.zenskatrka.mk или преку www.smartrace.club.

По стартот на трката и прогласувањето на најдобрите, за учесничките ќе биде организирана и лотарија со извлекување на среќни стартни броеви од сите учеснички.

ПРОМОТИВНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кривична пријава за Илчо Ѓорѓиоски, поранешниот претседател на ФФМ

Редакција

Две финалиња за македонските каратисти на Светската Универзијада

Редакција

Детален преглед: Сите медали кои досега ги има освоено Македонија на Олимписките игри

Редакција