еМагазин
Image default
Бизнис

Nedcann започнува партнерство со KG systems и Balkan Greenhouse со цел да се унапреди одгледувањето на медицински канабис во Европа

Nedcann, холандска компанија со седиште во Македонија која произведува медицински канабис од фармацевтски квалитет исклучиво во затворени услови и KG Systems, холандска компанија со повеќе од 20 години искуство со производство на маси за одгледување и системи за внатрешен транспорт денес го објавија своето партнерство во изградбата на еден од најголемите капацитети за одгледување на медицински канабис во Европа.

Партнерството е заокружено со Balkan Greenhouse, македонска компанија која работи на обезбедување опрема за целосна контрола на производството.

-Симбиозата помеѓу децениското искуство и знаење на Nedcann во одгледувањето на билката канабис, иновативниот пристап на KG Systems во изградбата на локацијата за култивирање и софистицираноста на Balkan Greenhouse во пронаоѓање технички решенија за одгледување во затворени простории ќе резултира со оптимизација на различните фактори и приближување до стандардизација на процесот на одгледување медицински канабис.

Според извештајот на Allied Market Research, глобалната индустрија за медицински канабис се очекува да достигне вредност во висина од 53,88 милијарди американски долари до 2030 година, со CAGR од 23,6% од 2021 до 2030 година.

Олеснувањето на легализација на канабисот во различни региони во светот како и зголемување на свеста за здравствените придобивки од таа билка се само некои од двигателите на овој раст. Овие промени ќе резултираат со олеснување на пристапот до медицински канабис на оние на кои им е потребен, велат од компанијата.

„За нас, ова партнерство нуди подобро разбирање за тоа што им е потребно на одгледувачите, како можеме да им помогнеме, а воедно и нам ни помага да станеме добавувачи со познавања во областа на култивирање на медицинскиот канабис.

Ќе го затвориме јазот којшто сметаме дека постои меѓу нас како технички специјалисти и потребите на клиентите“, вели Бернардо Грив, еден од основачите на KG Systems.

„Изградбата на објект за внатрешно производство на медицински канабис е сложен процес и подразбира поседување познавања од различни области. Сè уште не постои литература со инструкции како се прави тоа.

Ние сме пионери во оваа индустрија, така што можноста за блиска соработка со експерти кои ги нудат техничките решенија е додадена вредност на производот што сакаме да го извадиме на пазарот“, објаснува Стефан ван Гервен, основач и извршен директор на Nedcann.

Александар Стојков, менаџер во Balkan Greenhouse додава: „Среќни сме што го даваме нашиот придонес во индустријата за медицински канабис. Да се ​​има можност за соработка со врвен одгледувач како што е Стефан и да му помогнеме да ги унапреди своите методи е вистинскиот избор за нашата компанија“.

За компаниите во оваа индустрија, наоѓањето на вистинскиот партнер кој ќе ги надополни нивните вештини и знаења е од клучно значење во процесот на обезбедување на пациентите со највисок квалитет на медицински канабис.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Народна банка донесе одлука за дополнително јакнење на отпорноста на банкарскиот систем

Редакција

Макстил во „корона“ криза оствари добивка од 45,8 милиони денари

Редакција

Првото покачување во септември: Собранието ги усвои законските измени за зголемување на пензиите

Редакција