еМагазин
Image default
Македонија

Бевме близу до решавање на проблемот со Бугарија на крајот на 2020, открива Бучковски

Поранешниот специјален претставник на Владата во разговорите со Бугарија, Владо Бучковски изјави дека при крајот на 2020 година сме биле близу до решавање на проблемот.

– Мислам дека бевме многу блиску пред Новата година 2021. Мислам дека бевме блиски со ставовите на либералниот дел од бугарската Влада. И тогаш беа на маса петте точки. Мислам дека имаше сериозно приближување.

Акцентот падна на точки коишто можат да се решат, изјави Бучковски во гостување во емисијата „Само интервју“ на телевизија Канал 5.

Бучковски рече дека ќе продолжи да работи на каузата и ќе се труди да дојде до зближување на двата народа и надминување на сите проблеми.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шест скопски општини со по над илјада активни случаи на Ковид-19, на врвот Гази Баба

Редакција

Бугарија ако сака да сме пријателска држава, треба да ја смени реториката, вели членот на заедничката Комисија, Тодоров

Редакција

Се очекува нов пораст на новозразени од Ковид-19 во Дебар

Редакција