еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

„Секирата ми беше пет сантиметри од глава“: Новинарот и снимателот споделија детали за нападот

Новинарот Невриј Адеми и снимателот Збулим Максути од Телевизија Полог кои вчера беа физички нападнати во гостиварското село Ѓурѓевиште, денеска споделија со што се соочиле и како нивните животи биле доведени во опасност.

Адеми рече дека бара со закон новинарите да бидат прогласени за службени лица, со што би имале поголема заштита од насилство.

До инцидентот, како што нагласи, дошло кога стигнале во село Ѓурѓевиште за да снимаат кои работи се подобриле во училиштето откако за неповолните услови известувале пред некој месец.

-Таму сега има инвестиции и се прави кон подобро. Ние бевме таму за да снимиме. Се доближи еден човек со кола, седеше пет минути надвор додека нашиот камерман беше внатре.

Кога излезе нашиот камерман од внатре тој почна да пцуе по нас да навредува и дојде до влезот на школото. Ме фати мене, ме турна по скалите и почнавме да му збориме дека не сме овде за нешто лошо.Тој не разбираше никако. Отиде и зеде секира од хигиеничарот, кој во тоа време сечеше дрва. Секирата ми беше пет сантиметри од глава. И пак навредуваше. Ние најдовме момент и избегавме со кола, раскажа Невриј.

Додека се движеле кон соседното село Неготино, човекот ги следел. Новинарот и снимателот затоа заминале кон полициската станица за да се спасат од евентуален нов напад и да го пријават случајот.

-Јас го молам Обвинителството да преземе мерки за да не случуваат овие настани, да не чекаме месеци и години за да донесат одлука. За мотивите на насилникот, јас не можам да кажам, ама првите зборови му беа политички. Тебе те испрати некој овде, пцуеше лидери на партии. Јас не можам да кажам дека тој беше од некоја партија, истакна Адеми.

Ова не е му е прв па да му се случи ваков инцидент, вели 23 годишниот новинар кој случајот го пријавил и во Здружението на новинарите од каде имаше јавна реакција.

-Властите итно да најдат решение, да не биде законот во фиока во Парламентот, треба да се донесе многу брзо тој закон за напад на службено лице за нас новинарите, рече Невриј.

Полицијата вчера информираше дека 59 годишникот кој новинарот го пријавил е лишен од слобода вчера околу 17 часот и 30 минути. Приведеното лице во консултација и координација со јавен обвинител, задржано е во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Приведено лицето кое нападна новинар и снимател со секира

ЗНМ: Новинар и снимател се нападнати со секира, бараме итна реакција од МВР

МИА/Фото: Фејсбук/Адеми

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ахмети го спореди случајот „Рекет“ со народната изрека „алчноста го уништува човекот“

Редакција

(Фото) Која е професионално и приватно Данела Арсовска, првата жена градоначалник на Скопје

Редакција

Вкупно 6.704: Од Ковид-19 за 24 часа починаа 10 лица

Редакција