еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Приведено лицето кое нападна новинар и снимател со секира

Едно лице е приведено во полициската станица Гостивар, под сомнение дека нападнал новинар на регионалната телевизија Полог.

Според СВР Тетово, полициски од Одделението за внатрешни работи Гостивар, вчера околу 17 часот и 30 минути, во село Топлица, гостиварско, го лишиле од слобода 59-годишниот Б.Е.од гостиварското село Ѓурѓевиште.

Тој претходно бил пријавен дека пред тоа во Ѓурѓевиште го нападнал 23-годишниот Н.А.(новинар) од гостиварско Калиште. Пријавениот според пријавата во раката имал секира и упатувал закани кон новинарот кој во селото бил дојден по работни обврски.

Приведеното лице во консултација и координација со Јавен обвинител, било задржано во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЗНМ: Новинар и снимател се нападнати со секира, бараме итна реакција од МВР

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ГАЛЕРИЈА) Долги колони на Белградски саем, но вакцинацијата се одвива брзо поради врвната организација

Редакција

И за време на штрајкот градинките ќе работат, а децата ќе бидат згрижени, велат од Министерството за труд и социјална политика

Редакција

Раст од 13,3%: Минатата недела 17 лица починале од Ковид-19

Редакција