еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Поранешниот претседател на Кривичен, Панчевски излегува од затвор, Врховен суд му ја укина казната

Врховниот суд ја укина пресудата на Основниот суд во Велес и на Апелациониот суд во Скопје, со кои порашниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски беше осуден на затворска казна заради злоупотреба на системот за распределба судски предмети АКМИС.

Директорот на затворот „Скопје“, Филип Андов за МИА потврди дека со одлука на Врховен суд предметот се враќа на повторно судење и на Панчевску му се укинува затворската казна.

Во текот на денешниот ден тој ќе биде пуштен од затворот „Скопје“.

Панчевски кој на 3 февруари годинава почна да ја издржува затворската казна, беше осуден од судот во Велес на три години и шест месеци затвор, а потоа скопска Апелација му ја скрати на две и пол години.

Владимир Панчевски е осуден е бидејќи во периодот од 2013 до 2016 година, како претседател на Кривичниот суд, рачно доделувал предмети кај подобни судии, а не преку АКМИС системот. Распределил околу 40 предмети, меѓу кои и два случаја на Специјалното јавно обвинителство.

МИА/Фото: Академик

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Твитер реакции за сопругата на министерот Бектеши, која ќе зема државна плата

Редакција

(ВИДЕО) И сопругата и синот се вклучија во кампањата на Пендаровски

Редакција

Jавниот сектор лани пораснал за над 3.300 вработени

Редакција