Денес, на 25 февруари 2022 година ќе се одржи мирна акција на здружението на Украинците во Македонија, „Лесја Украинка“, со почеток во 14:30 часот во центарот на Скопје (Плоштадот „Македонија“), со упатување кон руската Амбасада во Скопје (ул. Пиринска, бр. 44, 1000 Скопje), информираат од Здружението.
Мирната акција е посветена на поддршка на украинскиот народ и држава во борбата против руската воена инвазија во Украина.
„Ве повикуваме да ни се приклучете во овој мирен настан против руската агресија врз Украина,“ велат од Здружението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.