Меѓународната хакерска група „Анонимуси“ денеска соопшти дека како што и најави, нејзините активисти „собориле“ повеќе од 300 интернет-страници на официјални руски владини агенции, компании, медиуми, банки, меѓу кои белоруските „Белорусбанк“, „Приорбанк“ и „Белинвестбанк“.
Во нивната информација објавена на Твитер, „Анонимусите“ последните 48 часа хакирале повеќе од 300 руски веб-страници така што повеќето од руските официјални агенции се офлајн.
„Анонимуси“ тврдат дека успеале да влезат во базата на податоци и на руската „Сбербанк“, а ја собориле и веб-страницата на руското Министерство за труд и социјална заштита.
„Го уриваме финансискиот и владиниот руски кибер систем додека тие маршираат низ Украина“, додаваат „Анонимуси“.
Хакирани се и интернет-страниците на водечките белоруски банки, вклучувајќи ги „Белорусбанк“, „Приорбанк“ и „Белинвестбанк“ и нивните услуги преку интернет се недостапни. Претходно групата ја хакираше и официјалната веб-страница на Чеченската Република.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Групата хакери „Анонимуси“ и објави сајбер војна на Русија, ја нападнаа страната на РТ
МИА/Фото: Твитер/Анонимуси