еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

БДП со раст од 2,3% во четвртиот квартал лани

Бруто домашниот производ (БДП) во четвртото тримесечје од 2021 година порасна за 2,3 проценти, а како што информира Државниот завод за статистика, во истиот период извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 9,7 проценти, додека увозот на стоки и на услуги забележа пораст во номинален износ од 22,6 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2021 година, најголем пораст е забележан во секторите Е, Ж и З – Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 9,2 отсто; Ѕ – Информации и комуникации од 5,3; како и Ј – Дејности во врска со недвижен имот од 3,1 отсто.

Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во четвртото тримесечје од 2021 година, номинално расте за 10,2 отсто, а нејзиното учество во структурата на бруто домашниот производ изнесува 62,5 отсто.

Растот на БДП во првиот квартал од минатата година изнесуваше 1,9 проценти, во вториот 13,1 процент, а во третиот три проценти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дизелот поевтинува за 1,5 денари, бензинот за половина денар денар

Редакција

„Плоштадот Македонија како ќе го преименувате“: Твитер за отстранувањето на буквите од зградата на Владата

Редакција

Владата во 2022 година ќе набави 500.000 вакцини „Фајзер“, од нив 10.000 ќе бидат за деца 

Редакција