еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Галерија) Мицкоски на протестот на ВМРО-ДПМНЕ: Имам информација дека овој викенд се распарчува Македонија во Софија

Овие денови ги гледам од Владата во налет да му ја спасат фотелјата на Зоран Заев оркестрирано пишуваат обезбедиле иднина. А да прашам јазикот, а идентитетот, а историјата, нашите цивилизациски придобивки на нашите предци кои ги жртвувале своите животи на вистинската страна на историјата? На кому обезбедиле иднина и каква иднина?

Ова денеска го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на протестот кој заврши пред Владата.

„Ако се откажеме од партизаните, ќе се откажеме и од Илинденците, ако се откажеме од нив се откажуваме од столетната борба за слобода. Ако тогаш тоа го направиме во што ни преостанува да веруваме? Вештачките нации и дрвата без корен се осудени на пропаст.

Заев не прави разлика помеѓу заедничка и споделена историја и тоа упорно дозволува да се провлекува помеѓу двете држави. А тоа се две различни работи. Ако имаме заедничка историја тогаш сме исти народ. А ние сме два сосема различни народи,“ додаде тој.

Тој упати четири пораки во неговото денешно обраќање.

„Првата порака е до политичарите кај нашиот источен сосед. Ако мислите дека измисливте, пронајдовте или подржавте квинслинг или квинслиншка влада овде во Македонија, се лажете, ниту тој квинслинг, ниту оваа квинслиншка влада од нашата колективна меморија и од нашите срца ќе ја избрише улогата, ликот и делото на Даме, на Гоце, на Питу, на Хаџи Арсов, на Хаџи Николов, на Поп Арсов затоа што тие се бореа за нова современа македонска држава.

Сакам втората порака да ја упатам кон меѓународната заедница, Немојте да дозволите некои политичари од земја членка, наместо политика на иднина, да шират политики од среден век, ревизионистички политики, хегемонски политики на големи држави и нации. Дозволете му на овој народ на отпочне преговори со Европската унија, а овој народ ќе ви врати, ќе ви врати со сето срце и знаење кое го има, и ќе го изоди најбрзиот пат до полноправно членство во Европската унија.

Третата порака сакам да ја упатам до овие во Владата, до Зоран Заев, на памет да не ви паѓа да го продавате македонскиот идентитет. Ви ветувам заедно со овој народ овде ова „диво месо“ ќе биде прецизно хируршки отстрането, потоа не само за криминалот и за велепредавство ќе одговарате, јас ви ветувам кога тогаш ќе одговарате.

И четвртата работа до македонскиот народ и до македонската нација, до Албанците, Турците, Власите, Ромите, Србите, Бошњаците, Еѓипјаните, до сите наши сограѓани, излезете браќа и сестри и помогнете и на Македонија. Имам информација дека овој викенд се распарчува Македонија во Софија и се преговара за иднината на нашиот идентитет, да не дозволиме и од утре внимателно да ја блокираме Македонија секој нареден ден и да не дозволиме овие луѓе да ни ја продадат верата, нацијата и кожата, тие одамна си го продале својот ген на ѓаволот,“ рече Мицкоски.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поради барање за иземање на судии, Врховен ја одложи седницата за „Монструм“

Редакција

Инвестиција од 15 милиони евра и до 1.500 нови вработувања: Почна со работа новиот производствен погон на Леар и Нормак во ТИРЗ Тетово

Редакција

Директорката на Инфективна Стевановиќ: Непочитувањето на мерките за заштита од Ковид-19 се пресликува во бројките на заболени

Редакција